-->
-->
Регистрирани силни земјотреси во Вануату и Индонезија
-->
Силни земјотреси беа регистрирани денеска на островите Вануату и во Индонезија, јави Геофизичкиот институт на САД.
Нема податоци за настрадани лица или предизвикани материјални штети, а не е издадено ниту предупредување за појава на цунами.
Како што јави ТАСС, земјотресот во Вануату бил со јачина од шест степени според Рихтеровата скала. Потресот се случил на длабочина од 36,8 километри под дното на Тихиот Океан, со епицентар на седум километри од Вануату,
Земјотресот крај Индонезија бил со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 60,3 километри. Епицентарот на потресот бил на 66 километри од крајбрежјето на западниот остров Сумата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација