Балкан
3. May 2020 - 18:39

Регистрирани шест нови случаи на Ковид-19 во Грција, почина уште едно лице

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани само шест новозаразени лица со Ковид-19 и еден смртен случај, со што вкупниот број на заразени со новиот коронавирус во земјата се зголеми на 2.626 лица, а од почетокот на епидемијата починаа 144 луѓе, јави дописничката на МИА од Атина.

Според денешните податоци од Министерството за здравство на Грција, приклучени на респиратори во грчките болници се 37 лица, а 78 пациенти се отпуштени од одделите за интензивна нега.

Досега во Грција направени се 79.332 теста на коронавирус.