Македонија
26. November 2019 - 8:11

Регистрирани серија земјотреси, епицентрите во Албанија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека изутринава се регистрирани серија земјотреси, чиј епицентри потекнуваат од соседна Република Албанија, од подрачјето на Драч на 170 километри југозападно од Скопје.

Најсилниот од оваа серија е земјотресот во 3 часот и 54 минути со локална Рихтерова магнитуда од 6,3 степени што беше почувствуван и на целата територија на Македонија.

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала во Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово, IV-V степени во Скопје, Кичево, Битола и со интензитет од III-IV степени во источните делови на земјава.