Македонија
2. September 2021 - 19:58

Регистрирани првите позитивни случаи во две основни училишта во Скопје, учениците одат во изолација

Втор ден од учебната година а веќе се изречени неколку решенија за изолација во училишта. Позитивни тестови добиле неколку деца од различни класови во основни училишта. Во 14 дневна изолација ќе оди еден клас од 5 одделение во Основното Ѓоргија Пулевски. Едно дете добило позитивен тест на ковид 19 и веќе е направена епидемиолошка анкета со останатите. Од ИЈЗ добиле известување дека освен прележани и вакцинирани во изолација ќе одат сите други од класот кои имале контакт со детето на првиот училишен ден. Наставничката примила две дози на вакцина и ќе продолжи да оди  на работа а наставата ќе ја предава онлајн од училница.

Две деца од 9 одделение исто така вчера пројавиле симптоми на ковид 19 од основното Кирил Пејќиновиќ во скопска Кисела Вода. Едно од нив добило позитивен тест а другото дополнително ќе се испитува. Учениците се од ист клас и во изолација ќе одат сите. До Сител пристигнаа информации за кои се уште нема потврда од институциите дека позитивни случаи има и во неколку други училишта меѓу кои и едно стручно средно во Скопје. Инаку според протоколите за настава во училница, на сите деца на влез им се мери температура, се дезинфицираат и задолжително носат маски за време на часовите. Доколку ситуацијате се влоши од МОН велат ќе се оди на некој од другите два модели со комбинирана или целосно онлајн настава.