Македонија
26. јуни 2020 - 9:39

Регистрирани 672 прекршоци за неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 672 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи и денеска апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.