Македонија
28. September 2021 - 16:32

Регистрирани 555 реинфекции со Ковид-19, прележаните имаат полесна клиничка слика

Институтот за јавно здравје за периодот од 20 до 26 септември евидентирал 32 реинфекции, а од почетокот на пандемијата досега тој број е 555. Лекари кои работеле во ковид центрите велат дека повторното заразување е очекувано имајќи ја во предвид виртуелноста на делта сојот кој е многу позаразен од британскиот сој.

- Од она што го знаеме е дека тие завршуваат со симптоми за лесна и средно тешка клиничка слика и кај нив оние тешки форми и смртен исход се многу малку веројатни, вели д-р Злате Мехмдовиќ специјалист по медицина на труд.

Доктор Мехмедовиќ вели дека вакцинацијата е решение и за веќе прележаните иако не е исклучена можноста повторно да биде заразено и лице кое ја поминало болеста и било имунизирано. Во статистиката на ИЈЗ има податок и за пациент кој трет пат добил Ковид-19.

- Имунитетот кај оние кои ја прележале болеста и биле вакцинирани и ревакцинирани е многу подобар од само прележаните и само вакцинираните, вели д-р Мехмедовиќ.

Индиската мутација која доминира во овој бран според болничките искуства е двапати пзоаразна, двапати повеќе пациентие имаат потреба од кислород и 4 пати повеќе завршуваат во интензивна нега.