Македонија
27. September 2020 - 11:34

Регистрирани 528 прекршоци за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (26/27.09.2020 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење на лична заштита на лицето, регистрирани се 528 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.