Македонија
25. March 2020 - 12:35

Регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупно 177 дијагностицирани пациенти

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје – 108
- Дебар (41) – 1 починат
- Куманово (11) – 1 починат
- Штип (7)
- Велес (3)
- Кавадарци (2)
- Охрид  (2)
- Прилеп (2)
- Гостивар (1).