Македонија
19. August 2020 - 14:52

Регистрирани 108 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-18, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-4, Велес-4, Гостивар-9, Струмица-2, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти од: Скопје- 32, Дебар-1, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-4, Велес-3, Битола-5, Гостивар-11, Кочани-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-8, Свети Николе-9, Кичево-12.

Починати се двајца пациенти од Куманово (64г и 72г), во болнички услови.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13076,  бројката на оздравени пациенти е 9625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2900. Денеска се евидентираат два контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5502, активни 917

• Куманово 1312, активни 301

• Дебар 227, активни 67

• Штип 1072, активни 249

• Прилеп 373, активни 42

• Тетово 1155, активни 155

• Струга 529, активни 175

• Велес 247, активни 28

• Битола 187, активни 68

• Охрид 315, активни 72

• Кавадарци 161, активни 106

• Гостивар 687, активни 296

• Гевгелија 31, активни 13 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 7 на Богданци)

• Струмица 54, активни 25

• Крива Паланка 30, активни 5

• Радовиш 38, активни 10

• Крушево 16, активни 1

• Кочани 128, активни 27

• Пробиштип 71, активни 19

• Демир Хисар 60, активни 36

• Македонски Брод 65, активни 36

• Пехчево 8, активни 2

• Берово 17, активни 8

• Валандово 7, активни 1

• Виница 58, активни 43

• Делчево 18, активни 13 (5 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 15, активни 1

• Свети Николе 264, активни 55

• Кичево 247, активни 116

• Ресен 146, активни 1

• Неготино 36, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1902 теста се преку: ИЈЗ-545, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-242,  Биотек-370, МАНУ -94, Жан Митрев (Филип Втори)-335, Систина со PCR метода -184, Судска медицина -7, ЦЈЗ Битола-72, Инфективна клиника-16, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 130.840 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 деца позитивни и 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 126

• Аеродром - 116

• Гази Баба – 116

• Карпош – 92

• Центар – 86

• Кисела Вода – 81

• Бутел - 68

• Ѓорче Петров – 64

• Шуто Оризари – 45

• Студеничани – 30

• Сарај – 28

• Арачиново – 17

• Илинден – 12

• Сопиште – 10

• Чучер Сандево – 7

• Петровец – 7

• Зелениково - 5

• Странец – 3

• Нераспределен – 4