Балкан
27. November 2017 - 15:11

Регионот завеан: Снегот предизвика хаос во сообраќајот

Снегот кој денеска паѓа во делови од Босна и Херцеговина и Хрватска го забави сообраќајот на одредени делници, а во Сараево е одложено и дербиото на градските ривали - Железничар и Сараево.

Сообраќајот во БиХ се одвива поспоро во западните и централните делови од земјата.

На возачите поради врнежите им се советува внимателно возење, а најавена е и голомразица поради ниските темпертури.

Патиштата се проодни и зимските служби си ја вршат својата работа, но на патиштата низ Гламочко и Купрешко Поље има лед, поради што на вчера на патот Купрес - Томиславград се преврте еден автобус. За среќа немаше жртви.

Хрватскиот автоклуб (ХАК) соопшти дека зимските услови има на автопатот Ријека - Загреб се укинати, но на делницата од киковица до Делнице поради силниот ветар е отворена само за патнички автомобили.

Според податоците на Хрватскиот хидрометеролошки завод снег падна и на Сљеме, во Лика и во Горски котар.

Утрово околу 7 часот снег имаше на Сљеме, каде паднаа 18 сантиметри, но и на Завижан, Во Делнице, Парга, Плитвички езера, Црни Луг и Оточац.