Loading Video...
Ракомет
8. March 2019 - 19:02

Регионалниот шампион го очекуваат уште две средби во СЕХА лигата

Македонскиот ракометен првак Вардар е лидер во СЕХА лигата но до крајот од регуларниот дел остануват уште гостувањата кај Нексе и Извиѓач.

Црвено-црните ќе направат мини турнеја која стартува во недела и првиот меч го играат во Нашице истиот ден  во 20.15ч со домашниот Нексе. Во вторник следува пресметката со шампионот на БиХ, Извиѓач што ќе биде и последната проверка во регионалното натпреварување пред стартот на завршниот Ф-4. 

Вардар на овие средби ќе патува без Борозан и Дисингер кои се повредени но се очекува да бидат подготвени за осминафиналните пресметки со Загреб во ЛШ.