Македонија
13. November 2015 - 14:34

Регионални фолклорни смотри во Гевгелија

Гевгелија вечер ќе биде домакин и организатор на регионалните фолклорни смотри на ансамблите од југоисточниот регион.

Организаторите соопштија дека во уметничкиот дел на манифестацијата ќе настапат ансамбли од Радовиш, Негорци, Богданци, Јосифово, Дедино, Истибања и Гевгелија кои ќе се претстават со народни песни и ора што го отсликуваат животот и обичаите на луѓето кои имаат свои карактеристични национални белези.

Манифестацијата ќе се одржи во салата на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 19 часот, во организација на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија и КУД Негорци од општина Гевгелија.