Македонија
15. October 2018 - 9:15

Регионална средба за намалување на ризици од катастрофи

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Центарот за развој на Југоисточниот регион организират Втора регионална средба за соработка на земјите од регионот во намалувањето на ризици од катастрофи и изградба на урбана отпорност.

Средбата ќе се одржи денеска и утре во Скопје, а најавено еучество на над 120 претставници од повеќе земји од Југоисточна Европа, претставници на УНДП од земјите од Југоисточна Европа, регионални организации за справување со кризи и кризен менаџмент и служби за цивилна заштита.

Присутните ќе  споделат најдобри искуства за намалување на ризицитете од катастрофи и добри примери на регионална соработка во изградбата на јурбана отпорност.