Регионална школа за безбедност: Потребно е обнова на сите безбедносни документи во Република Северна Македонија
За Република Северна Македонија, која се наоѓа во период на длабоки реформи на безбедносниот систем особено е значајно да се обноват и ажурираат сите безбедносни и стратешки документи, бидејќи безбедносните политики што ги има се постари од пет до осум години и не можат да одговорат на времето и просторот.
Ова е пораката од шестата регионална школа за безбедност што викендов се одржува во Струга на тема „Безбедносно преговарање-стратегиски и тактички аспекти во услови на криза и кризна состојба”.
Во реформите на безбедносниот систем, професорот на Факултетот за безбедност Марјан Ѓуровски смета дека треба да се водиме од три принципи: декриминализација, департизација и професионализација на целокупниот безбедносен систем.
Западниот Балкан, според него, се наоѓа во клучен период за стабилизација на регионалната безбедност.
Безбедносното преговарање, превенцијата и мапирњето на безбедносните ризици, наглси, придонесуваат кон навремено решавање евентуални кризи и кризни состојби и ризици со кои може да се сретнат земјите од регионот.
– Безбедносната состојба во земјите од ЈИЕ е стабилна со потенцијална опасност од одредени билатерални спорови во регионот или влијанието на глобалните движења. Странските повратници борци кои доаѓаат на овој дел од Балканот, не се потенцијал посериозно да ја загрозат безбедноста и стабилноста, оцени Ѓуровски.
Професорот Драган Ѓукановиќ од Факултетот за политички науки од Белград се надева дека 2019 година ќе биде одбележана со решавање на спорот меѓу Белград и Приштина, со што ќе се затвори уште едно големо прашање во регионот.
-Ако минатата година беше одбележана со Преспанскиот договор меѓу Грција и Северна Македонија се надевам дека годинава по најавите ќе биде година која ќе го одбележи договорот меѓу Србија и Косово, истакна Ѓукановиќ.
Решението, смета дела ќе соджри воспоставување меѓусебни односи меѓу двете страни, но оти во јавноста се пренагласува прашањето со размена на териториии.
– Од друга страна постојат индиции да дојде до блага корекција на границите меѓу Србија и Косово. Сметам дека тоа не би требало да биде препрека да дојде до конечен договор, изјави Ѓукановиќ потенцирајќи дека тоа нема да влијае на Македонија која е на својот евроатлански пат.
На 6. регионална школа за безбедност, која се одржува во организација на Факултетот за безбедност-Скопје со поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Вилфред Мартенс центарот за европски студии-Брисел, а во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, учествуваат 50-тина професори и студенти од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора…
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација