Македонија
21. November 2019 - 8:56

Регионална конференција за улогата на жената во одржувањето на мирот и безбедноста

Регионална конференција насловена „Улога на жената во сочувувањето на мирот и безбедноста-Резолуција 1325-Основа за акција“ денеска и утре ќе се одржи во Скопје во организација на НЕКСУС Граѓански концепт, Институтот за родови студии при филозофскиот факултет УКИМ во Скопје, НАТО Јавна дипломатија од Брисел и ЦИВИКА Мобилитас.

Воведен збор на отворањето на конференцијата ќе имаат вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, министерката за правда Рената Дескоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, специјалната претставничка на генералниот секретар на НАТО за жени, мир и безбедност, Клер Хачинсон, полковник  Зоран Јанкович, шеф на НАТО канцеларијата за врски во Скопје и американската амбасадорка Кејт Мари Бернс.

Во 2000 година Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвои Резолуцијата 1325 со која и формално се нагласува важноста на улогата на жената и нејзиното рамноправно учество во одбраната, или во спречување и решавање на конфликтите. Со Резолуцијата се повикуваат државите членки да обезбeдат поголемо присуство на жените во донесување на одлуките и тоа на сите нивоа во процесот на одлучување.