Македонија
9. јуни 2016 - 8:25

Регионална конференција за телата за правна заштита кај јавните набавки

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска во Охрид ќе се обрати на отворањето на „Регионалната конференција за телата за правна заштита кај јавните набавки во земјите опфатени со процесот на проширување на ЕУ“.

Настанот е во организација на Државната комисија за жалби по јавни набавки на Република Македонија и програмата „Сигма“, која се имплементира под заедничко покровителство на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Европската унија.