Македонија
21. November 2019 - 8:57

Регионална конференција: „Управување со квалитетот на воздухот (AQM) во регионот на Западен Балкан – Прашања, решенија и можности за финансирање“

На иницијатива на Светска банка, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе се одржи регионална конференција на тема „Управување со квалитетот на воздухот (AQM) во регионот на Западен Балкан – Прашања, решенија и можности за финансирање“.

Воведни обраќања, како што информираат од МЖСПП, е предвидено да имаат министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за животна средина на Република Косово Фатмир Матоши, директорот на Светска банка за Северна Македонија и Косово во рамките на регионот на Европа и Централна Азија Марко Мантованели и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.