Македонија
15. November 2017 - 8:32

Регионална конференција „Јакнење на финансискиот надзор на парламентите од Западен Балкан“

Регионална конференција за „Јакнење на финансискиот надзор на парламентите од Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Скопје. 

Пратеници и претставници од парламенти од Западен Балкан и тоа од Македонија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Србија и Косово заедно со претставници од Светската банка, регионални експерти и претставници од европскиот парламент, ќе разговараат за различните аспекти на регионалната соработка и за тоа како да се унапреди буџетскиот и законодавниот надзор на Западен Балкан.  

Регионалната конференција е во организација на Вестминстер фондацијата за демократија, Светската банка и Мрежата на парламентарни комисии за економија, финансии и евроинтеграции на Западен Балкан ќе се одржи денеска во Скопје. Ќе ја отвори претседателот на Собранието Талат Џафери, а ќе се обратат и пратеникот Артан Груби, претставникот на Фондацијата за демократија на Вестминстер Крис Левик и амбасадорката на Швајцарија во Македонија Сибил Зутер.