Регионална конференција „Јакнење на финансискиот надзор на парламентите од Западен Балкан“
Регионална конференција за „Јакнење на финансискиот надзор на парламентите од Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Скопје.
Пратеници и претставници од парламенти од Западен Балкан и тоа од Македонија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Србија и Косово заедно со претставници од Светската банка, регионални експерти и претставници од европскиот парламент, ќе разговараат за различните аспекти на регионалната соработка и за тоа како да се унапреди буџетскиот и законодавниот надзор на Западен Балкан.
Регионалната конференција е во организација на Вестминстер фондацијата за демократија, Светската банка и Мрежата на парламентарни комисии за економија, финансии и евроинтеграции на Западен Балкан ќе се одржи денеска во Скопје. Ќе ја отвори претседателот на Собранието Талат Џафери, а ќе се обратат и пратеникот Артан Груби, претставникот на Фондацијата за демократија на Вестминстер Крис Левик и амбасадорката на Швајцарија во Македонија Сибил Зутер.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево