Регионален форум за младинска вработливост
Во организација на Центарот за интеркултурен дијалог денеска во Скопје ќе се одржи регионален форум: WEBWORK: Младите од Западен Балкан работат на младинска вработливост! – Регионална иницијатива за заеднички пристап кон младинска вработливост.
Според организаторот, регионалниот форум се очекува да собере 150 млади луѓе, општествени чинители и идивидуи од Западно-балкансиот регион. На настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат млади, претставници на граѓански организации, владини институции, на Министерство за труд и социјална политика и Министерство за образование и наука, претставници на локални самоуправи, на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и претставници од Агенцијата за млади и спорт.
Програмата вклучува две пленарни сесии, три работилници, гости говорници односно излагања на експерти на полето на вработливост и политиките за младинска вработливост, како и пошироко споделување на добрите практики на регионално ниво; презентација на портфолиото на регионални вештини за вработување, специфични обуки за унапредување на вештините и компетенциите за ефикасно вработување на младите.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот