Бизнис
13. January 2019 - 17:01

Реформите во администрацијата и правниот систем клучни на патот до посакуваниот економски раст

И годинава не може да очекуваме сериозни економски поместувања, смета економскиот експерт Рафајловски. Смета дека  се  потребни  храбри чекори без партиски стеги и подобрување на економскиот тим  за да може да се реализира економскиот  поход  кој го најави премиерот Заев и да очекуваме една посветла иднина.  

- Очекуваме една голема храброст од Премиерот да се справи со партиските стеги и да донесе серизен нов ветар кој ќе донесе еконсмки  раст, рече  Горан Рафајловски- економски експерт

За да се зголеми стандардот на граѓаните и опшатата потрошувачка Рафајлосвки смета дека е потребно зголемување на сите плати од 5 до 7 отсто, а не само на минималецот. Дека најавените инфрастуктурни проекти – автопати, железници, не се доволни за придвижување на  економијата.  Неопходни се инвестиции во високоградбата. 

Според аналитичарот Хајредини, најекономска година за Македонија ќе биде онаа во која ќе се спроведат сериозни реформи во админитсрацијата и правосудството.

По гласањето на уставните измени  премиерот Заев посочи дека целосно ќе биде посветен на домашните задачи. Најави  економски и реформски поход- реализација на низа проекти кои се зацртани во економската агенда за годинава, со кои очекува растот на економијата во 2019  да достиген 4 и повеќе проценти.