Loading Video...
Свет
17. December 2017 - 16:29

Референдум во Каталонија за предвремени регионални избори

За 4 дена во Каталонија  ќе се одржат предвремени регионални избори. Според последните анкети,  сепаратистите ќе го загубат мнозинството  во регионалниот парламент. Трите партии кои што се залагаат за независност на Каталонија би добиле 66 пратенички места , а за контрола на парламентот им се потребни вкупно 68.

-Ако сакаме независна држава, да гласаме , и да гласаме како независна држава и затоа да го победиме песимизмот, да ја победиме темната страна на членот 155 и да помогнеме да го истераме стравот од нашите улици , истакна Пуџдемом.

На своите симпатизери во Барселона,  Пуџдемон им се обрати преку видео врска од Брисел, каде пребега отккао Мадрид  ја распушти каталонската влада.  Дел од каталонците сметаат дека ништо  нема да се промени, дури и ако партиите за  независност освојат апсолутно мнзоинство во собранието.

-Она што ме загрижува е тоа што дури и ако партиите за независнот добијат апсолтинио мнозинство, држават ке продолжи да го применува членбот 155, па ситуаијцата нема да оди напред, вели жител на Каталонија

Доколку резулатите од анкетите се пресликаат  на изборите во четврток, тоа би значело голема победа за владата на Рахој. Ќе се пофали на целиот свет дека  каталонците ен сакаат отцепување од Шпанија, коментираат аналитиачарите. Мадрид го искористи членот 155 од шпанскиот устав и воведе диреткна управа во регионот до одржувањето на регионалните избори откако Каталонија ендострано прогласи независнот на 28 октомври. Против Пуџдемон и поранешните министри, шпанскиот Суд  покрена обиненија  за бунт и поттикнување на бунт.