Македонија
2. February 2020 - 17:06

Референдум во Дојран дали водоводот и канализацијата да се дадат на јавно-приватно партнерство

Жителите на Дојран на локален референдум одлучуваат дали дел од комуналните услуги во општината треба да бидат дадени на јавно  приватно партнерство или пак  не. 

Референдумското прашање гласи ,,Дали сте за или против  доделување на договор за јавно приватно партнерство  за услугите, снабдување со вода за пиење, одведување на урбани отпадни води и третман на урбаните отпадни води во општина Дојран.

Право на изјаснување имаат  имаат 2662 граѓани запишани во единствениот избирачки список. Од општинската изборна комисија информираа дека изјаснувањето поминува без никакви проблеми или пак нејаснотии.

За да биде успешен референдумот  на гласачките места треба да излезат 50%  плус еден од вкупниот број запишаните граѓани.

Своето право на глас жителите од општина Дојран го остваруваат на осум избирачки места. Според најавите првичните резултати од ова второ локално референдумско изјаснување на дојранчани  се очекуваат доцна вечерва.