Свет
21. December 2015 - 8:43

Референдум: Словенците против легализација на истополовите бракови

На вчерашното референдумско изјаснување, Словенците го отфрлија законот за истополовите бракови, покажуваат прелиминарните резултати, пренесува БТА.

Според податоците на изборната комисија околу 63 отсто од избирачите гласале против законот со кој се дава право на истополови двојки да склучуваат брак и да посвојуваат деца, а 37 отсто го поддржале.

Резултатите уште не се конечни по пребројување на 96 отсто од гласовите, но не е за очекување дека ќе се промени нешто за крајниот резултат.