Македонија
9. November 2021 - 10:36

Реџепи: Ако Алтернатива ја урне Владата заедно со Левица, ќе ја напуштам партијата

Пратеникот Скендер Реџепи - Зејди вчеравечер во гостување во ТВ21 изјави дека Села му кажал дека не доаѓа предвид Левица да биде дел од мнозинството.

„Зијадин Села ми рече дека не доаѓа во предвид Левица да биде дел од ова мнозинство. Јас мислев дека во тоа мнозинство ќе бидат БЕСА и ЛДП, бев прелажан. Народот кој ме гласал не ми дал мандат да седнам на иста маса со Левица која е антиалбанска партија, анти НАТО и анти ЕУ“, порача Реџепи.

Тој беше дециден дека доколку Алтернатива одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти партијата, а најверојатно ќе го напушти и пратеничкиот мандат.

„Во моментот кога политичкиот субјект на кој припаѓам (Алтернатива) утре или задутре, одлучи да го прифати потписот заедно со Левица на списокот, тогаш мојата одлука ќе биде сигурно напуштање на партијата, можам дури и да го вратам пратеничкиот мандат“, рече Реџепи.