Реџеп Тајип Ердоган во посета на Брисел
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска престојува посета на Брисел, каде со претставниците на ЕУ ќе разговара за процесот на евроинтеграција на Турција, за бегалската криза и за борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Посетата на Ердоган на Брисел доаѓа во време кога се прават обиди за смирување на тензиите меѓу Турција и ЕУ, кои се зголемија во последниве години по прекумерната употреба на сила од страна на турската полиција за време на протестите околу паркот Гези, корупцискиот скандал поврзан со Владата во Анкара и европските обвинувања за авторитарното владеење на турскиот претседател.
Поради влошените односи, Ердоган во 2011 година, кога беше турски премиер, ја откажа за тогаш најавената посета на Брисел.
Затоплувањето на односите уследи по започнувањето на најголемата бегалска криза во Европа од времето на војните во поранешна Југославија во 90-години на минатиот век, што принуди некои од владите на земјите-членки на ЕУ да се обратат за помош до Ердоган, барајќи од него да го спречи масовниот прилив на бегалци од Сирија и Ирак кон веропските држави.
- Оваа посета се случува во најдобар, но во исто време и во најлош момент. На Европа и е потребна помош, а Турција која се наоѓа на еден месец пред предвремените избори, се соочува со пораст на насилството на нејзина територија, изјави неименуван европски дипломат, коментирајќи ја посетата на Ердоган на Брисел.
Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ вчера објави дека за време на посетата на Ердоган на Брисел треба официјално да биде потврден акцискиот план за запирање на приливот на бегалци кон Европа, усогласен меѓу Европската комисија и турската Влада.
Со одредбите од планот, Турција се согласува да ги засили своите напори за заголемување на безбедноста на границите кон Унијата, со тоа што турските сили ќе патролираат заедно со грчката Крајбрежна стража во источниот дел на Егејското Море, во координација со Европската агенција за контрола на надворешните граници (ФРОНТЕКС), наведува весникот.
„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ тврди дека Анкара се согласила имигрантите кои ќе бидат фатени при обидот да стигнат до Европа од турска територија, да бидат вратени во Турција, каде се предвидува изградба на шест нови бегалски кампови, во кои би можеле да бидат сместени и до два милиони лица.
Од друга страна, земјите од ЕУ се согласиле да прифатат 500.000 бегалци на кои ќе им обезбедат сигурен пат до европското тло по морски пат, тврди весникот, повикувајќи се на извори во Евросплата комисија.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка