Свет
17. March 2017 - 14:03

Редуциран авиосообраќајот во Сицилија поради ерупцијата на Етна

Властите на италијанскиот регион Сицилија воведоа времена забрана за авиосообраќај од аеродромот „Комизо“, поради ерупцијата на вулканот Етна, од чииј кратер веќе четврти ден излегуваат пепел и чад, јави ДПА.

Поради ерупцијата откажани се сите летови од и кон „Комизо“, додека на аеродромот „Катанија“ бројот на летови е редуциран на по пет на секој час.

Етна одново еруптираше во вторникот, по неколкудневната ерупција во текот на минатиот месец. Етна е еден од најактивните вулкани во светот.