Македонија
11. April 2020 - 18:01

Редок вид на птица „Голем Нуркач“ по многу години се појави на охридското пристаниште

По многу години, на охридското пристаниште се појави ретка врста птица голем нуркач, која е дел од живиот свет на Охридското Езеро.

Намаленото присуство на луѓето периодов предизвика да се забележат и некои досега „невидливи“ животински врсти, објави иницијативата Охрид СОС.

На охридското пристаниште деновиве е забележан и Големиот Нуркач (Podiceps cristatus) фатен од камерата на член граѓанската иницијатива .

-Лебедите навлегуваат кон чаршијата, а пак други врсти се охрабрени и слободно се чувствуваат по паркови, зелени површини. Во недостиг на градска бучава се слуша пеењето на птиците. Во вакви услови можеме да видиме колкав е човечкиот притисок врз нив, врз животната средина и колкав простор им одземаме“, велат од Охрид СОС.