Редок вид ајкула уловена во водите на Јонско Море кај Валона
-Овој вид ајкула е многу редок во водите на Јонско Море. Нејзината појава во близина на Валонскиот залив е поради климатските промени, велат рибарите.
Во мрежите на албанските рибари во последните две години уловени се над десеттина ајкули, сите на оддалеченост од неколку милји од морскиот брег. Тежината на уловените ајкули се движи од 100 до 400 килограми, а месото завршува во угостителските објекти, бидејќи важи за вистински специјалитет.
За првпат, кон крајот од минатиот месец туристите на плажата кај Дерми, биле изненадени кога ајкула дошла преблиску до брегот. Тие биле во морето кога им се доближила ајкулата.
Дерми е една од најубавите плажи на албанското крајбрежје, која се наоѓа на 42 километри јужно од градот Валона. Откако бил даден алармот од чуварите на плажата, сите излегле од водата и тој момент го снимиле со нивните мобилни телефони.
Ново на Сител
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија
-
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда