Спорт плус
20. April 2018 - 10:29

Редклиф: Среќна сум што доаѓам во Македонија

Британската атлетичарка Пола Редклиф која е протомотор на Скопскиот Виз-Ер маратон преку видео врска ги поздрави учесниците на една од напополарните трки во Европа. 

Редклиф е актуелна светска рекордерка.
Инаку, на агендата на маратонот кој годинава ќе се одржи на 6 април повторно се маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон и трката на 5 километри. Организаторите потсетуваат дека пријавувањето за трките трае до 27 април и остануваат уште само 8 дена заинтересираните да се вклучат на овој традиционален маратон.
 
Годинава во соработка со eventbaxx од Германија маратонот воведе дигитален стартен пакет кој ќе ги замени хартиените материјали со цел да се зголеми заштитата на животната средина. Со тоа, во стартниот пакет, зависно на која трка се пријавени учесниците, се вклучени маици со лого од трката, стартен број со чип, дигиталниот стартен пакет од eventbaxx, освежување, онлајн диплома, осигурување од несреќен случај за време на траење на маратонот и подарок од партнерите. За повеќе детали и за пријавување може да се посети официјалната интернет-страница на Виз Ер Скопски маратон и преку партнерот за онлајн регистрација за учество на маратонот.