Македонија
8. April 2020 - 16:38

Редиците пред банките и маркетите продолжија и денеска

Четири часа пред почетокот на продолжената забрана за движење, во Скопје е мирно и тивко. Освен улиците, за разлика од вчера, празни беа и пазарите. Но сликата пред банките беше иста  како и претходните денови. Овој пат мерките не ги почитуваа помладите кои дошле да платат сметки. Дел од нив беа без маски и ракавици.

Најризичната група на граѓани, пензинерите, и денес беа надвор. Дел во банка, дел да завршат други обврски. Тие што сакаат да ги почитуваат мерките итаа да стигнат дома пред полицискиот час.

Но сепак имаше и исклучоци. Оваа 70 годишна жена е една од похрабрите која ја затекнавме на улица после 11 часот. Вели немало кој, па морала да оди до аптека.

Но полни раце работо повторно имаа трговците.

Но за разлика од турканиците пред банките, овде се почитуваа мерките. Освен што граѓаните дрѓеа растојание, беа заштитени со маски и ракавици.

Од денеска лицата над 67 години смеат да излегуваат надвор само 2 часа, од 10 до 12, а малолетниците од 13 до 15 часот.