Македонија
29. April 2021 - 16:47

Редици пред пунктот за масовна имунизација во Скопје

Нервоза и нетрпение владее во редицата граѓани кои денеска чекаа за ревакцина во салата Борис Трајковски. Едни ги обвинуваат надлежните дека предизвикале хаос со лошата организација, други пак задоволни што точно на терминот примиле вакцина. Според граѓаните кои чекаа пред салата, гужва настанала бидејќи затвориле еден пункт за влез каде што чекале граѓани на закажано. Ги препратиле сите на иста врата и не се испочитувале термините. Влегувале граѓани кои не биле на термин. 

Војниците задолжени за одржување на редот се обидуваа да им укажат на граѓаните да одржуваат растојание, но безуспешно. Топлото време дополнително создаде револт во редот за чекање. 

Нашата камера забележа како група граѓани организирано пристигнаа на вакцинација и дополнително создадоа гужва пред салата. Од граѓаните дознавме дека денеска на ревакцина се повикани медицински лица, наставници и други кои веќе ја примиле првата доза од вакцините фајзер и Спутник. За вчерашните реакции на граѓаните кои по неколку часа чекаа пред пунктовите во поликлиниките Јане сандански и Букурешт, од мин за здравство велат дека било недоразбирање во термините и уверуваат дека нема да се повторува ваквата слика, осбонео по отворањето на пунктовите за мосаовна имузниација низ државата.