Свет
9. January 2021 - 8:43

Редфилд предупредува на нов бран заразени во САД по немирите на Капитол

Директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд, предупреди дека немирите во американскиот Капитол во средата веројатно ќе доведат до нов бран на коронавирусот и дека тие ќе имаат последици по јавното здравје.

Редфилд истакна дека учесниците во немирите генерално не носеле маски, и дека тие потоа се разишле низ целата земја, јави Си-Ен-Ен. САД во четвртокот за првпат објавија повеќе од 4.000 смртни случаи на новозарзаени со Ковид-19 во еден ден, а Редфилд предупреди дека бројките најверојатно ќе се зголемат.

– Ќе продолжиме да бележиме 2.500 до 5.000 смртни случаи на ден, изјави Редфилд. Тој додаде дека ситуацијата ќе продолжи да се влошува во текот на јануари и веројатно во дел од февруари.

– Се уште не е достигнат пикот на сегашниот бран, нагласи Редфилд.