Loading Video...
Свет
19. July 2021 - 16:35

Речиси сите ковид рестрикции се укинати во Англија - Денешниот ден е наречен Ден на слободата

Речиси сите ковид рестрикции се укинати во Англија, а денешниот ден е наречен Ден на слободата.

Повеќе нема никакви ограничувања на јавни собори, работата од дома веќе не е задолжителна, повторно може да се биде на шанк во пабовите, се отвораат дискотеките. На сила остануваат барањата за следење на контактите и за десетдневна самоизолација, а носењето маска и натаму се препорачува на некои места, но не обврзувачко со закон.

И покрај големиот скок на заразени во последните неколку недели, одлуката ја донесовме бидејки веруваме во програмата за вакцинацијата и во индивудалната одоговорност на секој поединец порача Британскиот премиер преку Твитер.