Македонија
31. May 2020 - 15:19

Речиси половина од заразените во Скопје се од Чаир

 

Од 24-те заразени во Скопје во изминатото деноноќие, 11 се од Чаир, 6 од Бутел, по двајца од Сарај, Карпош и Аеродром и еден во Гази Баба.

Вкупната бројка на дијагностицирани на коронавирусот во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.226, со тоа што бројката на оздравени пациенти е 1.552, а на починати 133.

Во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.