Речиси еден од четири нови случаи на Ковид-19 во Грција се кај деца на возраст од четири до 18 години
Во периодот од 13 до 19 септември, 24 отсто од новозаразените со Ковид-19 во Грција, односно 3.559 случаи се кај деца на возраст од четири до 18 години, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.
Станува збор за првата седмица од отворањето на училиштата во земјата, а еднаш неделно ќе се објавуваат податоци за ситуацијата со коронавирусот кај учениците.
Во Солун веќе се затворени две паралелки во основно училиште, откако биле потврдени над 20 случаи на Ковид-19 во двете одделенија.
Учебната година во Грција започна на 13 септември, учениците следат редовна настава со физичко присуство, а задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација (за учениците над 12 години) или потврда за прележана болест во последните шест месеци или изјава по направен селф тест, задолжителен два пати седмично (секој вторник и петок).
Наставата со физичко присуство ќе се прекине само доколку во едно одделение или клас има 50 отсто плус еден позитивен случај од вкупниот број ученици.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство