Речиси цела Венецуела остана без електрична енергија
Во 21 од вкупно 23 сојузни држави во Венецуела вчера потонаа во мрак поради саботажа во главната електроцентрала Гури, се наведува во извештајот на Националната корпорација за електрична енергија.
И главниот град на Венецуела, Каракас остана без електрична енергија, нема метро, како и телефонски и интернет услуги.
– Саботиран е централниот генератор… тоа е дел од војната против државата. Ние нема да го дозволиме тоа и работиме на повторно воспоставување на системот за електрична енергија, се наведува во соопштението на Националната корпорација за електрична енергија
Прекините во снабдувањето со електрична енергија се чести во Венецуела. Според експертите тоа е поради недостиг на инвестиции во инфраструктурата, додека властите тврдат дека се саботира системот за електрична енергија.
Пред неколку години претседателот на Венецуела, Николас Мадуро нареди армијата да ги чува хидроелектричните генератори, но и покрај тоа повторно има прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација