Балкан
2. November 2017 - 20:44

Речиси 75 проценти од сириските мигранти во Турција сакаат турско државјанство

Речиси 75 проценти од сириските мигранти во Турција сакаат турско државјанство, покажа истражување спроведено со поддршка на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Весникот „Хуриет Дејли Њуз“ информира дека анкетата, која била спроведена во 10 турски градови во кои се сместени 79 проценти од сириските мигранти во земјата, пожала дека 52 проценти од Сиријците сакаат да останат да живеат во Турција.

Според истражувањето, околу 650.000 од Сиријците во Турција во моментов работат, што изнесува околу 31 процент од нивниот вкупен број. Сe смета дека голем дел од нив, сепак, работат нелегално.

Според претходно објавени податоци, од 10 до 15 илјади Сиријци имаат дозволи за работа во Турција.