Loading Video...
Свет
23. September 2021 - 16:31

Речиси 7 милиони луѓе во светот годишно умираат поради загадениот воздух

Загадувањето на воздухот е многу поштетно отколку што се мислеше досега, предупредува СЗО.

Се проценува дека речиси 7 милиони луѓе во светот годишно умираат поради болести поврзани со загадениот воздух, а 80 проценти од смртните случаи се поврзани со честичките ПМ 2,5.

- Сите држави мора да работат на подобрување на квалитетот на воздухот и да спасат животи, порача првиот човек на СЗО на седницата на која беа обајвени новите упатства за квалиетот на воздухот ажурирани првпат по 15 години.

Гебрејсус додаде и дека 90 отсто од светската популација веќе живее во области со најмалку еден исклучително штетен вид на загадувачи.