Свет
17. September 2020 - 9:15

Речиси 4.000 новозаразени за еден ден во Британија, најмногу од мај

Велика Британија регистрираше речиси 4.000 новопотврдени случаи на инфекција со коронавирусот, најмногу во еден ден од мај, и поради тоа расте загриженоста дека земјата е на раб на второт бран на епидемијата.

Во претходните 24 часа беа регистрирани нови 3.991 заразено лице, значително повеќе од 3.105 претходниот ден.  Бројот на новоинфицирани лица објавен синоќа е повеќе од двојно поголем од оној пред неколку недели.

Властите неодамна забранија собири на повеќе од шест лица, и во затворени простории и на отворено.

Досега починаа 41.684 лица како резултат на инфекцијата во Велика Британија. Според тој критериум, Велика Британија е прва во Европа и петта во светот.