Рецесијата во Грција за 2020 година помала од очекуваното
Бруто домашниот производ во 2020 година во Грција според обемот изнесува 168,5 милијарди евра наспроти 183,6 милијарди евра во 2019 година, бележејќи пад од 8,2 отсто, соопштуваат од грчката статистичка служба, објавувајќи ја првата процена за БДП за минатата година, а грчкиот премиер изрази задоволство од податоците, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите податоци, во четвртиот квартал од 2020 година има зголемување на БДП за 2,7 проценти споредбено со третиот квартал, но и пад од 7,9 отсто во споредба со истиот период во 2019 година.
Рецесијата во земјата е подобра од очекуваното, со оглед на тоа дека грчкиот буџет предвидуваше 10,5 отсто.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку неговиот официјален Твитер профил, ги коментираше статистичките податоци и напиша дека Грција е на добар пат кон успехот и ќе успее.
-И покрај зависност од туризмот, податоците за БДП објавени денеска покажуваат дека грчката економија беше поотпорна отколку што многумина очекуваа во 2020 година. Заедно со нашето справување со ковид кризата, ги разбиваме стереотипите.Грција е во добра поизиција за успех и ќе успее, напиша Мицотакис.
Ново на Сител
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето