Џет-Сет
28. October 2015 - 8:45

Ребека со емотивна порака на Фејсбук

Нашата позната пејачка Ребека и прати порака на својата сестра Хелена, која неодамна се отсели на Нов Зеланд.
Таа и прати фотографија на која ја има гушнато својата внука Кјара, ќерката на Хелена, заедно со мајка им Роза. Тие двете со тоа и покажуваа на Хелена колку се горди на Кјара поради одлично одиграната улога во претставата по повод 70 години од гимназијата Јосип Броз Тито, во кое учи.
 
Неодамна и Хелена остави емотивна порака за својата ќерка по повод нејзиниот роденден.