Ребалансот на Буџетот во Собранието
Опозицијата ја обои во црвено собраниската сала. Пројде живот, се крати од Македонија се транспарентите со кои ВМРО ДПМНЕ го изрази незадоволтвото од кратењето во државната каса.
Со ребалансот на буџетот и на приходната и на расходната страна се кратат по околу 3 милијарди денари. За опозицијата се кратат парите на најранливите, за власта се кратат само непотребните стваки.
Ребалансот крати 58 милиони евра за капитални инвестиции со образложение дека досега биле реализирани смао третина од превидените пари. Опозицијата обвинува и дека задолжувањето ќе расте.
Пари за стопанството ќе има преку редвоно плаќање на обврските што државата ги има кон фирмите, вели Тевдовски.
Според деловникот, ребалансот ќе биде усвоен најмногу по пет дена собраниска расправа.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар