Ребалансот на Буџетот на седница на матичната собраниска комисија
Собраниската Комисија за финасирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за новиот ребаланс на Буџетот за 2016 година со кој треба да се обезбедат дополнителни 2,240 милијарди денари за постојана резерва за надминување на последиците од поплавите во Скопско и Тетовско и да се изврши ревидирање на буџетскиот дефицит на ниво од четири отсто од БДП.
Вчера на првиот ден на расправата во Комисијата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека ребалнсот на Буџетот е наменски и се носи за обесштетување на граѓаните погодени од поплавите и оти во моментов е единствениот начин на кој може да им се помогне на настраданите.
Нивните колеги од СДСМ, пак, беа децидни дека на поплавените мора да им се помогне, но со средства од постојните пари во државната каса и нивна пренамена, а не со нови задолжувања и зголемување на буџетскиот дефицит. СДСМ поднесе и 11 амандамни со кои предвидува да се скратат 27 милиони евра за да се намали буџетскиот дефицит, а во исто време да се обезбедат пари за обесштетување на граѓаните.
И ДПА беше против ребалансот на Буџетот со образложение дека е премногу задоцнет.
Расправата за ребалансот во Комисијата за финансирање и буџет, според собранискиот деловник, може да трае десет дена. На пленарна седница, пак, оваа точка е закажана за 19 септември.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот