Бизнис
18. May 2021 - 16:50

Ребалансот на буџетот идниот месец пред пратениците, дополнителните пари ќе се бараат од надвор

Ќе се кратат непродуктивните расходи, институциите кои не ги потрошиле парите за капитални проекти, ќе останат без нив. Ќе преживеат веќе започнатите инвестиции и оние кои носат повисок и забрзан раст. Повеќе пари се предвидени за здравството и за нов пакет мерки за полесно предбродување на ковид последиците. Се кројат контурите на ребалансот на буџетот, кој наредниот месец ќе се најде пред пратениците. Министерот за финансии Бесими, уверува -  економскиот раст од 4,1% ќе се задржи, инфлацијата благо ќе се зголеми, а пораст ќе има и кај буџетскиот дефицит. За да се финансира, ќе се бараат пари од надвор

 Сите препораки и на ММФ и на меѓународните институции се дека е најповолно да се обезбедат пари од надвор. Така ние со еврообврзницата обезбедивем 700 милиони евра пари со кои обезбедивме дополнителна ликвидноста и поддршка на економијата. Препораките се во таа насока, изјави Фатмир Бесими, министер за финансии

Бесими со порака до граѓаните и бизнисот – да бидат спокојни , буџетот е во добра кондиција. Се  очекуваат и дополнителни пари .

 Од ММФ за Западен Балкан одвоени се 650 милијарди долари за сите земји членки, . И нашата има право на влечење, а колку пари ќе добие, ќе се дефинира подоцна.Исто така и , 80 милиони евра од Европската Комисија се очекува да стигнат до крајот на годината, додава Бесими

За полесно надминување на последиците од ковид пандемијата врз бизнисот,  ќе се користат и препораките  од експертите  од МАНУ

 Зголемување на јавниот долг и буџетскиот дефицит,не само кај нас, туку во сите економии е предизвик. Затоа сум среќен што нашите експерти направија студии за оваа тема, изјави Љупчо Коцарев, академик, претседател на Ману

Конференцијата, со над 30-тина врвни економисти од дома и странство ќе се одржи оваа недела. Ќе се слушнат и  нивните искуства за предизвиците  кои претстојат наредниот период.