Македонија
17. August 2016 - 19:27

Реализирано ветувањето дадено пред стружани

По само  неполн месец даденото ветување на стружани за асфалтирање на патни правци веќе е исполнето. Завршени се делниците Струга-  Радожда и Бучин- Вашарејци. Груевски при посетата на овој регион минатиот месец на 24ти, рече дека ќе бидат комплетирани последните 700 метри од патот Радожда – Ливадишта -  Елен Камен.

Асфалтирана и завршена делницата Ливадишта- Елен Камен пред ветениот рок во моментот се работи уште на  асфалтирање на последните 3 километри на патот Струга- Калишта. За оваа година преку програмата за одржување и заштита на државните патишта предвидени се 18 милиони денари.

Исполнето е и ветувањето за изградба на инфраструктурата за село Вашерејци кое Груевски им  го вети на граѓаните при средбата со нив минатиот месец  во село Бучин.  

За овој период со поддршка на средства од Светска банка рехабилитирани се регионалните патишта Бучин- Вашерејци во должина од 13 км и Обршани – Боротино во должина од 3км. Вкупната должина на реконструирани патни правци изнесува 16 км, инвестиција  вредна 48 милиони денари.