Македонија
1. December 2016 - 13:57

Реализирана есенската сеидба во Кочанско

Поволните климатски и почвени услови, навремената подготовка на површините за сеидба, примената на потребните агротехнички мерки како и квалитетниот семенски материјал за сеидба, придоносоа есенската сеидба во Кочанско годинава да биде реализирана на 100 проценти од планиераните површини.

Ова е прв пат по низа години планот целосно да биде реализиран на општо задоволство на индивидуланите земјоделски производители и земјоделските стопанства.

- Годинава есенската сеидба е реализирана со 100 отсто во однос на планирањата. За сеидба беа планирани 6.400 ха од кои се насеани 6.396 ха. Најголеми површини се насадени со житни култури 6.196 ха, од кои пченицата на 3,085 ха, рж на 80 ха и есенскиот јачмен на површина од 3,016 ха, истакнуваат од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.

Годинава на полињата во кочанско се врати и афионот кој е застапен на површина од 5 ха.

До целосна реализација на планот за есенска сеидба, истакнуваат од подрачната единица на министерството во Кочани, придонесе и навремената жетва на оризот и обработката на површините на кои е засаден и есенскиот јачмен.