Loading Video...
Фудбал
15. February 2018 - 17:46

Реал среќно до победа со ПСЖ, а Ливерпул го декласира Порто

 
 
Првата мега пресметката од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и ПСЖ го добија Кралевите, додека Ливерпул уште од сега може да размислува за четвртфиналната рунда.
 
Ова е епилогот од првите осминафинални дуели во кои Реал со 3-1 го совлада ПСЖ, а Ливерпул на гости беше убедлив против Порто со 5-0. 
 
Во Мадрид, иако актуелниот европски првак одиграа послабо од гранцускиот ПСЖ сепак Кралскиот тим на крајот оствари солидни два гола предност за реваншот во Париз. 
 
Гостите кои преку Рабио имаа предност од 1-0, пропуштија повеќе шанси да постигнат и втор погодок, па како по непишаното правило стигна казната. Роналдо пред самиот крај на првото полувреме од пенал израмни на 1-1, а 
во 83.минута постигна среќен гол за водство од 2-1, додека три минути подоцна Марсело ги постави конечните 3-1.
 
Ливерпул со убедливи 5-0 го прегази Порто во Португалија и уште во првиот меч го реши прашањето за патникот во четвртфиналето.
 
Играч на натпреварот беше Мане кој реализираше хет-трик, а во листата на стрелците се впишаа и Салах и Фирмино.
 
Реванш дуелите на програмата се на 7 март