Фудбал
2. May 2017 - 11:07

Реал против Атлетико во првата 1/2-финална пресметка во ЛШ

 
 
  Големите мадридски ривали Реал и Атлетико вечерва ќе го одиграат првиот полуфинален меч во фудбалската Лига на шампиони. 
 
Ова практично ќе биде реприза на минатогодишното финале од Милано во кое „кралевите“ стигнаа единаесетиот трофеј во елитното натпреварување. 
 
Лансаката средба на „Сан Сиро“ беше решена по подоброто изведување на пеналите откако по 90, а потоа и дополнителни 30.минути резултатот беше 1-1. 
 
Но, минатогодишниот пораз за популарните „јорганции“ и не топлку болен како што беше тоа случај две години претходно која Атлетико до 93.минута имаше водство, но Серхио Рамос успеја да го израмни резултатот, за во продолжението Реал да постигне три гола и да ја освои шампионската титула. 
 
Токму овие два порази во финалето од Реал, за избраниците на Диего Симеоне ќе бидат мотив повеќе конечно Атлетико да биде поуспешен од лутиот градски ривал. 
 
Ќе биде ли така останува да се види, можеби уште по првиот меч  кој ќе се игра вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, или пак севкупниот победник, а со тоа и учесникот во финалето ќе биде решен во реванш дуелот закажан по 10 мај. 
 
Во второто полуфинале утревечер (20:45 часот) ќе играат Монако и Јувентус.