Фудбал
14. July 2020 - 9:31

Реал постави рекорд на 21 век

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферлан Менди, постигна гол против Гранада синоќа во натпревар од 36. коло од шампионатот на Шпанија. Дваесет и петгодишниот Французин стана 21-от стрелец на гол во тимот на Мадрид оваа сезона.

Ова е рекорд во лигата во 21 век. Кај ниту еден друг тим во листата на стрелците се немаат запишано толку многу фудбалери во една сезона.

Во шпанските медиуми овој рекорд се препишува на заминувањето на Кристијано Роналдо од тим, бидејќи кога тој беше во Реал, целата игра се базираше на него.